За пет години отсега Кина и САД ќе создадат сопствени паралелни интернети

- Advertisement -

На прв поглед нестварна, оваа опција на многу инсајдери им изгледа сосема реална – Кина и САД за неколку години ќе создадат сопствени паралелни интернети. Концептот е наречен „сплинтернет“, а се однесува на една иднина во која интернетот е фрагментиран, уреден со посебни прописи и воден од страна на разни служби.

Единствената дефиниција уште не е јасна, но некои сугерираат дека во иднина ќе гледаме кинески и американски апликации и услуги кои доминираат секоја на својата половина од интернетот. Тој концепт беше тема на дебата и на состанокот на Светскиот економски форум минатиот месец во Давос.

- Advertisement -

Иако доаѓа до поделба на два интернети, тоа нема да биде Кина и остатокот од светот туку Кина и земјите кои ги прифаќаат нивните апликации и од друга страна САД и земјите кои ги прифаќаат нивните апликации. Додека кинеските апликации тешко ќе бидат усвоени во САД, во Европа и во земјите со англиски говорно подрачје, сигурно тие ќе бидат брзо прифатени во Индија, југоисточна Азија, Јужна Америка, на Блискиот Исток, па дури и во Африка. За пет години отсега ако ги погледнеме сите луѓе во светот кои имаат телефон и ги преброиме колку кинески и американски апликации имаат, веројатно тоа ќе биде 50%-50%.

- Advertisement -

Компаниите како Alibaba и Tencent веќе ги шират своите услуги во странство и купуваат или инвестираат во компании во Азија. На пример, Alibaba е мнозински сопственик во компанијата за електронска трговија Lazadа, додека Tencent инвестира во индонезиската компанија Go-Jek. Додека САД и Кина ќе се борат за доминација на полето на Интернетот, тие ќе си конкурираат и со други меѓусебно поврзани технологии како 5G и вештачката интелигенција.

Сподели!
- Advertisement -