Tesla и Electrify America, односно мрежата за полнење електрични автомобили на VW, најавија дека постигнале договор за поставување од џинивските батерии Powerpack на повеќе од 100 станици за полнење на Volkswagen. Растот на побарувачката за електрична енергија за автомобили, која е поскапа од обичната, резултира со огромни трошоци за операторите со таквите станици за полнење. Едно решение за да се намалат тие трошоци е да се складира електрична енергија во периодот кога е поевтина и да се чува на станиците за полнење.
Компанијата Tesla со години истражува можни решенија и Илон Маск постојано зборува за зголемување на капацитетите за складирање електрична енергија со супербатериите чија нова верзија веројатно ќе ја претстави во текот на наредните месеци. Но, на Electrify America не им се чека. Тие веќе најавија ќе ќе ги користат системите Tesla Powerpack составени од батериски систем од 210 kW со капацитет од околу 350 kWh. Системот ќе биде дизајниран да биде модуларен за да се зголеми капацитетот ако има потреба.
„Нашите станици ја имаат една од најнапредните технологии за полнење. На корисниците им нудиме брзо полнење, па логично е да поставиме батериски системи на станиците каде што побарувачката е најголема со цел поголема ефикасност. Системот Tesla Powerpack е одлично решение имајќи го предвид нивното глобално искуство во развој на батерии и на електрични автомобили”, велат од Electrify America.