На африканскиот континент има фабрика која отпадот го претвора во зелена енергија, чиста вода и тули за градење. Фабриката Reppie Facility е лоцирана во Етиопија и согорува 1.400 тони отпад дневно. Со енергијата што се добива притоа се снабдуваат 25% од домаќинствата во главниот град Адис Абеба, односно речиси 3 милиони луѓе.
Истовремено, ќе се отворат стотици работни места. Долги години Коше била единствената депонија во Адис Абеба, но како што растел градот растела и депонијата се додека не достигнала површина од 36 фудбалски игралишта. Илјадници луѓе претурале по депонијата, честопати во опасни услови. Во 2017 година се случи лизгање на земјиште на депонијата, кое уби 114 луѓе.
Новата фабрика ќе го согорува отпадот и ќе го направи Коше побезбедно место за сите. Процесот на претворање на отпадот во енергија е многу едноставен. Отпадот се согорува во посебна комора. Со топлината која се добива се загрева вода, а пареата која се ослободува ја придвижува турбината на генератор кој создава струја.
Но, фабриката нема да произведува само струја. Од пепелта која ќе останува по горењето ќе се произведуваат 3 милиони тули, а ќе се добиваат и 30 милиони литри чиста вода. Сопствениците на фабриката велат дека претворањето на јаглерод диоксидот од градот во енергија е еднакво на засадување 900.000 дрвја годишно.
Фабриката ја изгради младиот Самуел Алемајеху, еден од членовите на Групата млади глобални лидери на Светскиот економски форум во 2018 година.
This African factory turns trash into energy, clean water and bricks
Reuse, rebuild, revitalise. Read more: https://wef.ch/2IwT37M
Posted by World Economic Forum on Петок, 21 декември 2018