ВИДЕО: Иновативни турбини на ветар без перки

- Advertisement -

Овие турбини на ветар немаат никакви перки и сепак успеваат да ја претворат силата на ветрот во електрична енергија. Vortex турбините без перки создаваат електрична енергија од ветрот преку осцилации. Оваа иновативна технологија се состои од цилиндар поставен вертикално и фиксиран со еластична прачка.

Во зависност од брзината на ветрот, турбините осцилираат со различно темпо и преку алтернаторски систем се создава електрична енергија. Со други зборови, ова е турбина на ветар која воопшто не е турбина.

- Advertisement -

Изработката, управувањето и одржувањето на овие турбини е по многу пониска цена отколку за класичните турбини на ветар. Турбините Vortex функционираат самостојно, индивидуално и не му наштетуваат на никаков начин на дивиот свет.

Турбините Vortex можеби се иднината на генерирањето електрична енергија од енергијата на ветрот.

- Advertisement -

Bladeless Wind Energy

An alternative and innovative way to harness energy from wind. More info ➡ http://bit.ly/2Y9xIX3

Posted by Startup Selfie on Вторник, 12 февруари 2019

Сподели!
- Advertisement -