Министерството за економија на Р.М објави низа мeрки кои се дел од програмата за развој на конкурентоста, иновациите и претрпиемништвото во 2019 година. Со овие мерки се промовира општ раст и развојот на МСП во Македонија како и унапредување и подобрување на бизнис климата, промовирање на женското претрпиемништво, занаетчиството, поттикнување на развој на преработувачката индустрија, на туризмот итн. Во моментов активни мерки кои ги објави Министерството за економија се следниве:
Јавен повик за директно субвенционирање на микро, мали и средни претпријатија и занаетчии за кои се предвидени средства во износ од 27.500.00,00 денари. Предмет на јавниот повик е субвенционирање на микро, мали и средни претпријатија и занаетчии преку кофинансирање на 60% од докажаните трошоци согласно условите за субвенционирање за следните подмерки:
Финансиска поддршка за микро, мали и средни претпријатија во вкупен износ од 21.000.000,00 денари.
Финансиска поддршка за женско претприемништво во вкупен износ од 2.500.000,00 денари
Субвенционирање на трошоци на занаетчии во износ од 4.000.000 денари
Јавен повик за кофинансирање на проекти за развој и поддршка на МСП и промоција на претпремништвото во Република Македонија. Предмет на јавниот повик е кофинансирање на проекти на фондации и здруженија на граѓани за развој и поддршка на МСП и промоција на претрпиемнштвото во Република Македонија во вкупен износ од 4.500.000,00 денари.Финансиската поддршка се однесува на кофинанасирање на 75% од трошоците за реализација на проектните активности.
Јавен повик за поддршка за зголемување на конкурентноста на деловните субјекти од преработувачка индустрија – развој на деловниот субјект, развој на производ и развој на пазар. Предмет на јанивиот повик е надоместување на дел од трошоците на деловните субјекти за развој на деловен субјект, за развој на производ и развој на пазар, за кои се предведни вкупно 2.500.000,00 денари.Финансиската поддршка се однесува во висина од од 75% од докажаните трошоци на барателот.
Јавен повик за поддршка за развивање, одржување и применување социјално прифатливи практики на деловните субјекти во Република Македонија за 2019 година. Предмет на јавниот повик е надоместување на трошоците од страна на Министерството за економија за развивање, одржување и применување на социјално прифатливи практики на деловните субјекти, во согласност со програма за конкурентост, иновации и претприемништо 2019, дел 2, мерка 1-“Општествена одговорност”.Надоместени ќе бидат само докажаните трошоци за сертификација во 2017 и 2018 година.
Јавен повик за поддршка и развој на кластерското здружување во Република Македонија за 2019 година.Предмет на јанивот повик е доделување на финсиски средства од страна на Министерство за економија за финансирање на кластерско здружување, во согласност со програмата “Кластери за иновативни и меѓународно ориентирани бизниси”.
Јавен повик за кофинансирање на проекти на занаетчиските комори за развој и промоција на занаетчиството во Република Македонија.Предмет на јавниот повик е кофинансирање на 75% од трошоците за реализација на проекти на занаечиските комори кои се однесуваат на развој и промоција на занаетчиството во Република Македонија.
Јавен повик за поддршка на манифестации, проекти и бизнис форуми од интерес на развојот на туризмот за 2019-та година. Предмет на поддршката е дoделување средства за покривање на дел од трошоците за организација на Манифестации, Проекти и Бизнис форуми од интерес за развој на туризмот.