Која земја од Европската унија има најниска, а која највисока минимална плата?

- Advertisement -

Европската фондација за подобрување на работните услови и условите за живот објави споредба на минималните плати во ЕУ. Најголема минимална плата на почетокот на 2019 година имале граѓаните на Луксембург – 2.071,10 евра.

Минималната плата во Ирска изнесува 1.656,20 ерва, во Холандија – 1.615,80 евра, Белгија – 1.593,76 евра, Германија – 1.557,09 евра, Франција – 1.521,22 евра и во Велика Британија 1.453,28 евра. Во Словенија минималната плата е 886,63 евра, во Малта е 761,97 евра, во Грција е 758,33 евра и во Португалија е 700 евра. Приближно како хрватската минимална плата, 505,90 евра, имаат Литванија – 555 евра, Естонија – 540 евра, Полска – 523,09 евра, Словачка – 520 евра, Чешка – 518,97 евра, Унгарија – 464,20 евра и во Романија – 446,02 евра.

- Advertisement -

Најниска е минималната плата во Бугарија – 286,33 евра.

Сподели!
- Advertisement -