Петнаесеттото годишно издание на истражувањето Annual Demographia International Housing Affordability Survey откри кои се најскапите градови за живот во светот. Во истражувањето биле вклучени 309 пазари за недвижности (од кои 92 со популација над 1 милион жители) во Австралија, Канада, Хонгконг, Ирска, Нов Зеланд, Сингапур, Обединетото Кралство и во САД.
Рангирањето се врши врз база на податоци од третиот квартал од 2018 година и тоа со споредба на просечната цена на куќите и становите и просечните месечни примања по домаќинство. Истражувањето покажа дека најскапите пазари моментално се во Австралија, Нов Зеланд и во Кина.
Ова се десетте најскапи градови за живот во 2019 година.
10. Сан Франциско, Калифорнија, САД — 8,8
9. Оукленд, Нов Зеланд — 9,0
8. Тауранга, залив Пленти, Нов Зеланд — 9,1
7. Лос Анџелес, Калифорнија, САД — 9,2
6. Сан Хозе, Калифорнија САД— 9,4
5. Санта Круз, Калифорнија, САД — 9,6
4. Мелбурн, Австралија — 9,7
3. Сиднеј, Австралија — 11,7
2. Ванкувер, Канада — 12,6
1. Хонгконг, Кина — 20,9