Новиот закон за енергетска ефиксност предвидува помала потрошувачка на струја

- Advertisement -

Со предлог-законот за енергетска ефикасност, кој ќе биде усвоен во Владата наредниот месец и пратен до Собранието, го заокружуваме пакетот реформи во енергетскиот сектор. Убедени сме дека, по отворањето на преговорите со Европската Унија, за кратко време ќе го завршиме поглавјето 15 за енергетиката, порача министерот за економија Крешник Бектеши.

„Подготвена е финалната нацрт-верзија на предлог-законот за енергетска ефикасност што произлегува од обврските што ги имаме кон Енергетската заедница и очекуваме јавните расправи да придонесат за подобрување на ова законско решение. Во расправите ќе ги вклучиме сите засегнати страни како енергетските компании, здруженија и стопански комори“, изјави Бектеши по отворањето на тематската јавна расправа за предлог-законот за енергетска ефикасност во Стопанската комора на Македонија.

- Advertisement -

Тој нагласи дека станува збор за важен закон за намалување на потрошувачката на електрична енергија во земјава и додаде дека од него ќе произлезат обврски кон јавните институции и новите градби.

“По донесување на законот, сите граѓани што ќе купуваат нови производи ќе имаат увид колку тие се енергетски ефикасни. Во предлог-законот е ставена одредба Министерството за економија во рок од девет месеци по усвојувањето да ги донесе сите подзаконски акти што ќе произлезат од него“, рече Бектеши.

Сподели!
- Advertisement -