Хуманоидот Софија ги изненади посетителите на Светскиот мобилен конгрес во Барселона со своето присуство. Софија привлече внимание со својот изглед, но и со начинот на кој одговараше на прашањата на модераторите.
Саемот привлече 100.000 луѓе, а отворен е од понеделникот. Освен иновативните мобилни телефони кои поддржуваат 5G, беше претставен и голем број роботи. Софија е позната од претходно, но и понатаму привлекува големо внимание.
Освен што се обраќаше јавно, Совија се дружеше со посетителите како и сите останати луѓе, разговараше со нив за секојдневни работи.
Софија е направена во Хонгконг, а матичната компанија Hanson Robotics прв пат ја претстави на јавноста во 2016 година. Може да направи 50 различни изрази на лицето и да користи препознавање на глас кое го разви Google за да одговара на прашања.
Минатата година беше медиумска ѕвезда откако стана првиот робот во светот кој доби државјанство од една земја, во случајот Саудиска Арабија.