- Advertisement -
Неделава конечно ќе се пушти во употреба автопатот од Скопје до Штип, изјави вицепремиерот за економски прашања Кочо Анѓушев
Двете патарини допрва ќе се градат. Паралелно стартува и големиот проект за рехабилитација на четириесетина патни правци.
„Она што требаше да се сработи со кинеската компанија ‘Синохидро’ е готово и заврши во декември. Во тек се работите околу правењето на пристапните патишта што се прави со пари на Јавното претпријатие за државни патишта за да може сите населени места да се приклучат на автопатот. Ова не беше дел од кредитот и проектот со Синохидро. Тоа воопшто не било ни размислувано како ќе се случи. Сега и тоа е речиси завршено, така што автопатот ќе го пуштиме неделава“, изјави за Дојче веле вицепремиерот за економски прашања Кочо Анѓушев.
- Advertisement -