Проектот на УСАИД Партнерство за подобра бизнис регулатива, имплементиран од ЕПИ ЦЕНТАР Интернационал и четирите клучни партнери: Стопанската комора на Македонија; Стопанската комора за информатички и комуникациски технологии – МАСИТ, Стопанската комора на северозападна Македонија и Сојузот на стопански комори на Македонија, oрганизира настан на тема „Заштитата на личните податоци како едно од приоритетните прашања во функционирањето на бизнис секторот“.
Регистрацијата на учесници ќе се одвива помеѓу 10:00-14:15 во хотел Alexandar II (ул. Васил Главинов бр. 3, Скопје). Настанот официјално ќе биде отворен во 10:15 часот.
Информативната сесија ќе биде разработена од страна на искусен предавач по што ќе се одвива дискусија со присутните. Овој настан има за цел поблиску да ги запознае присутните со процедурите за заштита на приватноста на податоците преку давање насоки, како и мислења во согласност со законските прописи, со цел низ дискусија со приватниот сектор и низ процес на јавно приватен дијалог да се иницираат конкретни решенија кои ќе обезбедат поефикасна контрола над пазарот и воедно креирање на предвидливо деловно опкружување за компаниите.