ВИДЕО: Компанијата Steinway направи паметен клавир

- Advertisement -

Познатиот производител на клваири Steinway & Sons направи клавир кој го носи името “Spirio | r” и кој на музичарите им овозможува да ги снимаат своите изведби. На претставувањето на клавирот познатиот пијанист Џон Батист во Штајнвеј Хол во Њујорк свиреше и снимаше музика на познатиот пејач и композитор Сем Кук, познат како крал на соул музиката.

По изведбата на Батист, клавирот ја репродуцираше музиката на ист начин како што свирел пијанистот. Spirio | r клавирот доаѓа со iPad Pro и апликација која овозможува снимање, репродукција и едитирање на секоја музика во  аудио формат со висока дефиниција.

- Advertisement -

За клавирот да може да се нарече паметен инженерите на Steinway го опремија со систем за снимање и сензори кои прецизно го бележат секој тон, но и динамиката на притисок на секоја типка или педала и овозможуба модифицирање на брзината и траењето на секоја нота. Покрај тоа, сопствениците на клавирот своите снимки ќе можат да ги споделуваат во MIDI, MP3 и во форматот на Steinway со висока дефиниција.

Не е познато колку ќе чини овој клавир, но со оглед на тоа дека првиот модел Spirio чинеше од 84.000 до 116.000 долари, јасно е дека нема да може да ги го купи секој пијанист.

Сподели!
- Advertisement -