Редакциите во светот се повеќе вработуваат роботи новинари

- Advertisement -

Вештачката интелигенција како што се ботовите односно софтверските роботи се достапни веќе десет години и се повеќе се користат во новинските куќи за пишување написи, персонализирано испраќање вести, а во некои случаи и за пребарување податоци за да се пронајдат битни вести.

Ботот Тоби на француски и на германски јазик пишуваше за резултатите од гласањето на секоја од 2.222 швајцарски општини за најголемата медиумска групација во земјата после извештајот претставен минатиот месец на конференција за компјутери и новинари во Мајами. Слична автоматизирана компјутерска програма наречена Хелиограф му овозможи на Washington Post од 2014 година да покрие речиси 500 изборни трки заедно со локалните спортски и бизнис вести.

- Advertisement -

„Сведоци сме дека се повеќе се прифаќа потенцијалот на вештачката интелигенција или робо-новинарството во новинските агенции ширум светот. Тие системи можат да понудат брзина и точност и потенцијално да бидат потпора за помалите редакции и новинарите кои мора да испочитуваат некои рокови“ изјави Демиан Редклиф, професор на Универзитетот во Орегон, кој ги следи потрошувачките трендови и бизнис моделите во новинарството.

Медиумските куќи велат дека ботовите не се замислени како замена за репотерите или уредниците, туку да ги ослободат од најдосадните задачи како што се препишување спортски резултати или извештаи од берза. Од Washington Post велат дека нивниот бот Хелиограф е развиен како алатка која ќе им помага на уредниците. „Post има неверојатна екипа од новинари и немаме намера да ги замениме“ велат оттаму.

- Advertisement -

Хелиограф може да напише или да ажурира стории додека се развиваат, овозможувајќи им на новинарите да се фокусираат на други задачи. Реакцијата на вработените во Washington Post главно била позитивна. Многу луѓе барале да се автоматизира нешто што го пишуваат секоја недела на ист начин.

Слична е ситуацијата со други редакции во светот. Норвешката новинска агенција NTB автоматизираше спортски извештаи за резултатите од натпреварите да им ги испорачува на корисниците во рок од 30 секунди. Los Angeles Times разви quakebot кој брзо ги дистрибуира новинските написи за потреси на земјиштетот во регионот и користи завтоматизиран систем во склопот на црна хроника. Новинската агенција Asociated Press ги автоматизираше кварталните извештаи за приходите за речиси 3.000 компании листани на берза, а годинава планира заедно со партнерот Automated Insights да објавува компјутерски генерирани најави за кошаркарски натпревари на колеџите.

- Advertisement -

Агенцијата Reuters најави дека минатата година ќе ја стартува услугата Lynx Insight, која користи автоматска анализа на податоци за да се идентификуваат трендовите и аномалиите и да се сугерира кои стории треба да ги пишуваат новинарите. Компјутеризираниот систем на Bloomberg, Cyborg ги анализира приходите на компанијата штом се појават и во рок од неколку секудни пратки пакет со броеви и контекст. Францускиот Le Mondе и неговиот партнер Syllabs развија компјутерска програма која генерираше интернет-страници за 36.000 општини на изборите во 2015 година.

Една предност на сториите генерирани од алгоритми е во тоа што можат да бидат персонализирани или испорачани до релевантни корисници, што може да биде корисно кај следењето избори или спортски настани.

Сподели!
- Advertisement -