Повеќе мали британски фирми за своите работници воведоа четиридневна работна недела како резултат на идејата дека помалку работа може да доведе до поголема продуктивност и подобра рамнотежа на работата и приватниот живот.
Се повеќе работодавци експериментираат со давање три слободни дена на вработените со задржување на истата плата. Во последните шест месеци тоа веќе го направија компаниите Synergy Vision, Elektra Lighting , Lara Intimates и Intrepid Camera, а покрај нив и The Wellcome Trust, како најголем работодавец во Велика Британија, размислува за ја тестира оваа идеја за своите 800 вработени.
„Имавме шест прекрасни недели со продолжени викенди“ велат вработените во Elektrа, компанија која скратената работна недела ја воведе во јануари.
„Два од седум дена не се доволни за да се опоравиме од стресната работна недела, но три дена се доволни за да се одморите, па и можеби да правите нешто друго во слободно време“ додаваат вработените.
Изгледа работниците во Велика Британија никакви проблеми со завршување на обврските и почитување на роковите поради скратената работна недела. Напротив, бизнисите цветаат, а има се помалку стрес.