Лушпите од јајца може да се користат за складирање енергија

- Advertisement -

Досега се користеа како додаток при производството на гума, како посредник за заловување на јагелрод диоксидот и како состојка на биопластиката. Но, сега лушпите од јајца имаат уште една корисна примена. Научници открија дека лушпите од јајца можат да се користат како еколошка и евтина варојанта за складирање енергија.

Интернационален тим од истражувачи почнал да тестира обични лушпи од јајца, кои биле измиени, исушени и сомлени во прав. Правот се состои од калциум карбонат од надворешниот слој на лушпите и од влакна и протеини од внатрешната мембрана.

- Advertisement -

Материјалот потоа го искористиле како електрода заедно со метална литиумска анода во електролит без вода. Кога го тестирале, батеријата која ја создале имала капацитет да задржува енергија до 92%, што значи повеќе од 1.000 циклуси на полнење и празнење. Способноста за скалдирање енергија се должи главно на калциум карбонатот. Научниците сега се надеваат дека материјалот ќе може да се искористи за евтини литиум-јонски кондензатор.

Сподели!
- Advertisement -