Организаторите на Олимписките игри во Токио ги претставија роботите кои ќе се користат за игрите

- Advertisement -

Организаторскиот комитет за Олимписките и Параолимписките игри во Токио во 2020 година го објави стартувањето на својот нов проект наречен Tokyo 2020 Robot Project. Проектот би требало да придонесе за Олимпијадата во Токио да остане запаметена како најиновативниот и технолошки најнапредниот спортски настан во светот.

Веќе пишувавме за тоа дека спортските преноси од Олимписките игри ќе се пренесуваат и на еден од телевизиските канали на националната јапонска телевизија кој прв во светот донесува 8K резолуција, како и дека во Олимпиското село спортистите ќе ги превезуваат такси без возачи.

- Advertisement -

За уште повеќе да се промовира технолошката супериорност на Јапонците, на Олимписките игри ќе се појават и HSR и DSR роботи (Human Support Robot и Delivery Support Robot), кои ги направи Toyota. Роботите ќе им помагаат на посетителите, особено на оние кои се во инвалидски колички, носејќи им храна и пијалаци, водејќи ги до нивните места и давајќи им секакви информации за натпреварите.

Организаторите на игрите велат дека наскоро ќе претстават и други роботи кои ќе имаат дополнителни задачи, а роботската технологија би требало да доведе до поголема безбедност и удобност на посетителите на Олимписките игри, но подоцна ќе се најде и во секојдневниот живот на јапонските жители, особено како помош за постарата популација.

- Advertisement -

Во последно време се шират приказни дека технолошката супериорност на Олимписките игри во Токио ќе биде заокружена со палењето на факелот на досега невиден начин. Според гласините, олимпискиот пламен би можел да го запали некој познат јапонски спортист кој на стадионот ќе го донесе својот персонализиран дрон.

Сподели!
- Advertisement -