Вип воведува нова услуга – Smart Home

- Advertisement -

Телекомуникациската компанија Вип со гордост ја најавува најновата услуга во своето портфолио базирана на вештачка интелигенција и го претставува Smart Home, паметен систем за управување со електричните уреди во домаќинството, со цел зголемување на удобноста во секојдневното живеење, сигурноста и безбедноста.

Најновото паметно решение, Vip Smart Home, овозможува преку користење едноставна апликација од смартфон корисникот да управува со електричните уреди во домот и да провери дали е сè во ред во секое време, од кое било место.

- Advertisement -

Vip Smart Home е достапен преку четири пакети: Vip Smart Home Basic, Vip Smart Home Protect, Vip Smart Home Comfort и Vip Smart Home Office. Со активација на еден од пакетите во Vip Smart Home S тарифата со договор на 24 месеци во промотивниот период корисникот може да ја добие услугата без претплата.

„Во насока на обезбедување дигитални, модерни решенија, достапни за сите, денеска ја лансираме новата услуга Vip Smart Home. Овој производ нуди висококвалитетни уреди, со што обезбедува доверливост на услугата, едноставно и интуитивно користење, како и пристапни цени. Vip Smart Home нуди голем број можности за автоматизација на домот, за сите корисници што сакаат да се чувствуваат безбедно и удобно во секое време од денот“ изјави Бисера Николова, раководител на одделот за резидентни корисници во Вип.

- Advertisement -

Vip Smart Home се инсталира на многу лесен и едноставен начин и е достапен за сите корисници што имаат интернет, при што автоматски се приспособува на дневните рутини и навики, функционира преку централната единица која ги поврзува паметните уреди со смартфон на корисникот и овозможува да ги управува сите уреди од кое било место.

Паметниот приклучок овозможува раководење со кој било електричен уред кој е со моќност до 2500 w преку смартфон или таблет, без разлика од местото на кое се наоѓа корисникот. Благодарение на сензорот кој функционира со магнет, корисникот секогаш знае дали вратите и прозорците во домот се затворени.

- Advertisement -

Повеќенаменскиот сензор автоматски го детектира секое движење и овозможува мерење на температурата и интензитетот на светлината, а внатрешната камера овозможува следење на случувањата во домот на корисникот, како и снимање во радиус од 115°, со можност за ХД-видеостриминг и ноќно снимање. Во комбинација со повеќенаменските сензори, камерата почнува со снимање штом се активира сензорот.
Паметната светилка овозможува лесно контролирање на осветлувањето во домот и е дизајнирана за рачна и автоматска контрола на светлината. Со неа лесно може да бидат одредени тонот на бојата и интензитетот на светлината од каде било.

Повеќе информации можете да најдете на веб-страницата www.vip.mk или со јавување во Контакт-центарот на Вип на 077 1234.

Сподели!
- Advertisement -