34 проекти на домашни компании ќе се финансираат преку јавниот повик „СтартАПувај“

- Advertisement -

Комитетот за одобрување на инвестиции на Фонд за иновации и технолошки развој (ФИТР) донесе одлука за финансирање на 34 предлог проекти со што се исцрпени сите првично определени средства за повикот, односно 1 милион евра

Јован Деспотовски, директорот на Фондот, на денешниот брифинг со новинари објасни дека 15 од добитните 34 компании се новоосновани фирми помлади од една година.

„Ова особено нѐ радува бидјеќи токму тоа ни беше целта – да ги поттикнеме сите оние кои имаат идеи на хартија да се охрабрат и да основаат компании. Ова е одличен показател дека добра идеја може да се реализира во успешен бизнис,“ истакна Деспотовски и додаде дека Комитетот препознал потенцијал кај повеќе компании за кои ќе се бараат дополнителни средства.

- Advertisement -

„Имајќи предвид дека 100% од износот на средства за јавниот повик се исцрпени со овие 34 компании, Комитетот го задолжи ФИТР во соработка со Светска Банка да ги разгледа можностите за обезбедување и на дополнителни средства. Овие средства би се искористиле за финансиска поддршка на дополнителни 30 компании, за кои Комитетот смета дека имаат потенцијал за развој на брзорастечки бизнис“.

Со првиот циклус од 34 компании во домашниот приватен сектор ќе се инвестираат вкупно 1,256,457.70 евра, од кои сопствени инвестициите на апликантите се 275,686.08 илјади евра, додека Фондот ќе инвестира 980,771.62 илјади евра. На реализација на проектите на овие старт ап компании ќе се ангажираат вкупно 177 лица, со просечен износ на плата од околу 25.000 денари.

- Advertisement -

Од првиот циклус 34 компании, 11 се во ИТ индустријата, додека останатите се во секторите 12 области меѓу кои биохемија, градежништво, маркетинг, земјоделие, енергетика и други.

„Ова се показатели кои говорат дека сме успеале да ја придвижиме македонската стартап заедница и полека да ја менуваме свеста во земјава, особено кај младите, дека можат да бидат успешни деловни луѓе дома,“ заклучи Деспотовски.

- Advertisement -

Во рамките на јавниот повик за кофинансирани грантови за новооформени претпријатија „СтартАПувај“ што беше отворен на 22.10.2019 год и траеше до 11 декември лани, аплицираа вкупно 186 микро и мали домашни компании. 91% од пристигнатите апликации се претпријатија кои првпат аплицираат во Фондот. За овој повик истотака е важечка обврската за доставување на изјави за сопственичка структура на апликантите, за кои е воведен и посебен Протокол за проценка на ризик.

Деспотовски информираше дека Фондот, согласно воведената практика на целосна транспаретност, ќе организира и јавно претставување на успешните апликанти. Истото, ќе се реализира по завршување на тековниот изборен циклус во земјата.

На брифингот беше информирано и дека Комитетот за одобрување на инвестиции побарал мислење од Државната комисија за спречување на корупцијата во однос на 4те компании апликанти од првиот повик од Планот за економски раст, реализиран во средината на 2018г., во чија сопственичка структура има носители на јавни функции Истото, како што стои во заклучокот од Комитетот, е со цел расчистување на сите дилеми во однос на постапката за одлучување во периодот пред донесување на Протоколот за проценка на ризик. По добивање на мислењето, Комитетот ќе донесе конечна одлука врз основа на проценките за ризик за овие апликанти, подготвени од страна на Транспаретност интернешнл Македонија. Директорот Деспотовски информираше дека од страна на апликантот Декодикс во меѓувреме е пристигнато известување за повлекување на проектната апликација од повикот, со што овој апликант нема да добие финансиски средства од Фондот.

Сподели!
- Advertisement -