Слајс – иновативна бизнис идеја, локално менаџирана, а со глобален успех

- Advertisement -

Базирана врз новите технологии, бизнис идејата на Илир Села со којашто го освои американскиот пазар, е водена и менаџирана токму од Македонија преку канцелариите во Дебар, Охрид, а сега и во Скопје. Фирмата Слајс во Македонија вработува повеќе од 350 луѓе од различни профили, а до крајот на годината на ниво на Македонија планирано е да се вработат уште 200 различни кадри. Сопственикот Села вели дека истите овие оперативни активности може да се извршуваат и од Њујорк или Белфаст, но квалитетот на македонскиот кадар досега достојно се покажал. Исто така, компанијата инвестира во младителуѓе овозможувајќи им многу брзо да напредуваат во нивните кариери и да работат различни тематики. 

Слајс е компанија што потекнува од Њујорк, таму е основана, но потоа проширувајќи се свои канцелари отвора во Дебар и во Охрид, а од скоро и во Скопје, со што максимално се потпира на македонските кадри од ИТ областа како и од другите сектори. Исто така, Слајс своја канцеларија има и во Белфаст. Основач и сопственик е Илир Села, по потекло од Дебар кој својата иновативна идеја ја направи еден вистински профитабилен бизнис во САД.

Интересен е фактот дека Слајс како американска компанија, голем дел од својот успех го темели на операциските тимови во Македонија. Со добрата поставеност, професионалност и ефективност, македонскиот тим се грижи услугите на Слајс да бидат достапни за нивните клиенти 24/7 и нарачките да бидат навремено доставени до секоја адреса без разлика каде се наоѓа. 

- Advertisement -

Идејата на Илир Села произлегла од неговото окружување, односно неговото семејство на американско тло поседувало повеќе мали пицерии коишто никаде не котирале на дигиталните сервиси и граѓаните тешко пристапувале до нив. Затоа создал бизнис модел со кој на малите пицерии им нуди напредна технологија, доволно брза и ефективна да се натпреваруваат со џиновите во индустријата и да станат конкурентни на големиот американски пазар.

Суштината на услугата на Слајс е преку наменски дизајнирана платформа на своите корисници им овозможува да пронајдат локална пицерија и да направат онлајн нарачка, нудејќи беспрекорни услуги и за корисниците и за пицериите, кои се клучни за корисничкото искуство. Пицериите ја добиваат нарачката и потоа сами ја вршат доставата. За таа услуга на Слајс му плаќаат фиксна сума од 1,95 долари за секоја добиена нарачка преку овој сервис, без разлика на цената на нарачката. Така Слајс не наплаќа ништо од корисниците на нарачката, тие ја добиваат пицата по иста цена.

- Advertisement -

Денес повеќе од 11.000 пицерии во САД продаваат пици нарачани токму преку платформата на Слајс. Бизнисот се проширува во Дебар пред 8 години и започнува со 2 работни бироа. Сега Слајс има пет канцеларии, Њујорк и Белфаст, а во Македонија покрај Дебар уште и во Охрид и Скопје, и повеќе од 350 вработени.

Зошто бизнисот е проширен во Македонија? Развојот на бизнисот барал голем ангажман и солидно познавање на информатичките технологии. Затоа Илир добива идеја иднината на својата компанија да ја стави во рацете на талентираниот македонски млад кадар, во различни области, поради големиот потенцијал за прогрес и можноста да се задоволат потребите на инвеститорот. 

- Advertisement -

„Клиентите во Америка бараа 24часовна услуга, а во Њујорк тоа беше тешко да се изведе. Нашиот тим во Македонија создаде одличен систем на работа, со внесување податоци и овозможување информации за достапноста на нашата услуга. На тој начин е поставена основата за работата на Слајс и затоа канцелариите во Македонија станаа многу важни за Слајс“, вели Илир Села основач на иновативниотстартап.

Бизнисот на Слајс расте, исто како што секојдневно расте и бројот на пицерии во САД и продажбата на пици, до тој степен за денес да стигне до ниво да биде наречена индустрија со обрт во милијарди долари. Со услугата на Слајс, бизнисот на неговите клиенти бележи пораст од 4 до 6 пати.

И паралелно со тоа расте и канцеларијата во Македонија и се проширува секојдневно, со нови простории во Скопје, со нови работни места и понуда на уникатни работни позиции, во одлична атмосфера и со глобални предизвици.

 

Сподели!
- Advertisement -