Мала хрватска компанија го освојувува светот со својот инoвативен софтвер

- Advertisement -

Идејата е првиот чекор кон светот на претприемништвотоис, но само некои идеи се претвораат во бизниси. Едни од тие кои успеале да го постигнат тоа се научниците и креативците од малата компанија RoMB Technologies од Загреб. Тие развија иновативен алгоритам од нова генерација кој ќе овозможи возилата самостојно да се движат без никаква интервенција од човек.

Тие се фокусирале на автоматски возила за превоз на товар во складишта, на пример виљушкари. Она по што се разликуваат RoMB Technologies од другите е целосно новиот пристап до методата на локализација, кој на возилата им овозможува многу прецизно да ја одредат својата позиција во просторот.

- Advertisement -

Зад сето тоа стои д-р Дамјан Миклиќ, човек со повеќе од 10 години истражувачко искуство на полето на роботиката, од кои последните 7 години е насочен на оправување со автономни возила.

„Развиваме метода која го скратува времето на пуштање во погон на автономните возила од 3-4 недели на само 2-3 дена. Со едноставно пуштање во погон и помалку рачно прилагодување на параметрите оваа метода ќе овозможи поголема брзина на возилата со поголема прецизност на позиционирање, а сето тоа би требало да резултира со пониска цена“, објаснува Миклиќ.

- Advertisement -

Честа пречка на патот со успешна реализација на претприемничките проекти е недостигот од финансии, особено во раните фази. Тој предизвик RoMB Technologies го реши со вклучување во PoC програма, односно програма за проверка на иновативен концепт, која е наменета за микро, мали и средни компании. Преку  PoC претприемачите добиваат финансиска поддршка во најрана фаза од истражувањето., благодарение на која можат да направат техничка и комерцијална проверка на своите производи. Проверката е неопходна за да се потврди дали нивните методи, процеси и технологии се комерцијално одржливи. На овој начин RoMB Technologies добија речиси 50.000 евра.

Партнер за развој на проектот е италијанската компанија System Logistics, а таргет пазар се компаниите кои нудат целосни решенија за логистика, вклучувајќи инфраструктура на складишта и автономни возила за пренос на товар.Иако Миклиќ смета дека е прерано да се даваат оценки за успехот, верува дека ги имаат сите предуслови за успешен бизнис.

Сподели!
- Advertisement -