Вo Дубаи се отвори првата фабрика во светот во која роботи произведуваат регистарски таблички

- Advertisement -

Првата фабрика во светот во која работат само роботи и произведуваат регистарски таблички беше отворена во Дубаи. Со оваа единствена фабрика во Деира земјата ќе може да произведе 1.000% повеќе регистарски таблички отколку на традиционалниот начин.

Според властите, роботизираната фабрика ќе произведува регистарски таблички без никакви грешки. За споредба, со традиционалниот метод постоеше ризик да се повтори печатењето на исти броеви. Капациетот за производство на новиот систем е 33.000 таблички дневно, што е 11 пати повеќе од традиционалниот систем.

- Advertisement -

Новите машини можат да прооизведуваат по една регистарска табличка на 15 секунди, додека со стартио систем една табличка се правеше за две минути. „Новите машини можат да печатат шест различни таблички истовремено, но со стартио систем не можеше да се печати повеќе од една истовремено“ велат од фабриката.

Фабриката работи со технологија од четвртата индустриска револуција и вештачка интелигенција, која се користи за печатење на регистарските таблички без човечка интервенција. Секоја производна единица во фабриката може да произведе 11.000 таблички дневно, односно 350-700 за еден час.

- Advertisement -

Како што објаснуваат, секој робот во фабриката добива електронски наредби за печагтење и печати без човечка интервенција. Системот го следи циклусот на табличките од производство до пакување преку QR кодот. Во иднина се планира поставување на уште 10 слични машини во центри на провајдери на услуги, а сите ќе бидат контролирани од централната фабрика.

 

- Advertisement -

Сподели!
- Advertisement -