Европска конференција за медијација во Скопје

- Advertisement -

Домашни и странски врвни експерти од областа на медијацијата, министри, високи претставници на институции, стопанственици на засебни панел сесии денес дискутираа за придобивките од медијацијата, како постапка за ефикасен начин на вонсудско решавање на споровите во рамки на првата Европска конференција за медијација организирана од  Комората на Медијатори, Сојузот на стопански комори на Македонија и Амбасадата на  Кралството Холандија.

Конференцијата ја отвори г. Славе Младеновски, претседател на Комората на медијатори кој истакна дека со организацијата на оваа конференција, Комората на покажува дека е отворена за соработка и партнерство со организации на медијатори од Европа, со институциите, граѓанскиот сектор и деловната заедница.

- Advertisement -

„Нашата работа директно е поврзана со градење добри односи меѓу клиентите кои имаат спор, за потоа со поддршка на правните субјекти во бизнисот да продолжат да соработуваат и да бидат успешни. Лично сум уверен дека со зголемен развој на медијацијата, преку информирање и запознавање на граѓаните, бизнисмените, претставниците од државниот и на граѓанскиот сектор за предностите и можностите на медијацијата, ќе придонесеме за намалување на поделеноста меѓу граѓаните по различни основи и во намалување на конфликтноста во општеството. Медијацијата има моќ да направи, луѓето што се во спор да бидат пријатели, соработници и партнери“, истакна Младеноски.

Рената Десковска, министер за правда во Владата на РСМ истакна дека Конференцијата дава можност за размена на искуства и цивилизиран начин за изнаоѓање решенија од кои сите страни ќе се задоволни.

- Advertisement -

Во изминатиот период детектирани се предностите и слабостите од процесот на медијација. Стратегијата за унапредување на концептот за медијација е насочена кон нејзино стимулирање во судските постапки.  Комората на лиценцирани Медијатори е партнер на Владата на Р.С. Македонија  и резултатите се веќе видливи. Ако во периодот од 2007 до 2016 немаше троцифрен број на корстење на медијацијата како постапка во 2017 разликата е евидента во 1367 предмети странките по пат на медијација имале можност да го решат спорниот однос, од сите предмети 70% завршиле со спогодба“, изјави Десковска и додаде дека во однос на стопанските спорови 395 добиле можност да се решат по пат на медијација, од нив 129 или 32,6 проценти завршиле со спогодба.

Претседателот на Сојузот, Данела Арсовска, во своето обраќање истакна дека медијацијата е посакуван начин за решавање на економските спорови, бидејќи станува збор за доброволна, брза и економична постапка, но таа е недоволно искористена како механизам.

- Advertisement -

Искуствата покажуваат дека медијацијата се користи, најчесто  од помалите компании, но сепак не е доволно позната како алатка за мирно решавање на споровите иако за неа постојат и извесни законски обврски. Основна причина поради која економските субјекти се определуваат за медијација е потребата за брзо и мирно решавање на споровите и унапредување на соработката, потребата да се зачува деловниот углед и реномето, како и помалите трошоци за постапката.  Со медијација се намалуваат непотребно долгите и скапи судски постапки и се зголемува ефективноста во надминување на конфликтите меѓу страните во спорот, преку наоѓање решенија прифатливи за двете страни“, истакна Арсовска и доаде дека многу е важно да се следат светските трендови во однос на медијацијата и да се имплементираат и во нашето Законодавство.

Свои обраќања на конференцијата имаа и проф. д-р  Зоран  Шапуриќ, министер задолжен за регулатива за подобрување на инвестициската клима во Владата на РСМ и Н. Е. Вилем Воутер Пломп, амбасадор на Кралството Холандија. На првата Европска конференција за медијација на панел сесиите посветени на процесот на медијација во решавањето на економските спорови, европските искуства и  следењето на светските трендови во оваа област дебатираа врвни експерти медијатори од Холандија, Швајцарија, Романија, Италија, Грција, Хрватска, Босна и Херцеговина.   Медијацијата е најзастапена во Холандија, најдолг стаж има во САД.

Сподели!
- Advertisement -