Во период од една недела Холандија ќе им дoзволи на луѓето бесплатно да се возат со воз ако покажат книга наместо билет. Секоја година различен холандски автор пишува посебна книга за Неделата на книгата, а секој што ќе потроши повеќе од 12,50 евра на книги од холандски автори добива бесплатна копија од таа книга.
Таа книга потоа можете да ја покажете во воз за да патувате бесплатно. Неделите на книгите во светот се осмислени со цел да ги поттикнат луѓето да читаат повеќе. Има повеќе причини за тоа. На пример, луѓето кои читаат редовно помалку страдаат од стрес i од депресија, а возрасните кои читаат повеќе од 3,5 часа неделно живеат подолго.
Тоа е така бидејќи читањето ги поттикнува мозочните клетки и го намалува ризикот од невродегенеративни болести. Само шест минути читање дневно е доволно за да ве релаксира, а ако читате книга пред да легнете да спиете, нивото на стрес ќе ви се намали за дури 68%.
For a week, the Netherlands lets you take the train for free if you show a book instead of a ticket
A literary license.🔎 Learn more about the benefits of reading: https://wef.ch/2vcSd7Y
Posted by World Economic Forum on Четврток, 18 април 2019