Премиерот на Франција најави интернационален натпревар за обнова на Нотр Дам

- Advertisement -

По огромниот пожар кој ја зафати средновековната француска катедрала Нотр Дам или Богородичната црква од Париз, францускиот премиер, Едуар Филип, откри дека градските власти планираат да лансираат интернационален натпревар за обнова на црквата.

Според BBC, француските власти веруваат дека можно е пожарот за почнал случајно додека траела реставрацијата на готската катедрала. Покривот беше уништен во пожарот, исто како и црковната куча, иако двете камбанарии и камената структура останаа недопрени благодарение на трудот на 400 пожарникари.

- Advertisement -

Иако Нотр Дам е стара 850 години, а црковната кула, всушност, беше додаден во поново време во текот на реставрација во 19 век. Иако многумина претпоставуваа дека Франција ќе сака да ја обнови кулата како што била, премиерот на Twitter најави дека кулата може да биде заменета со нешто помодерно и адаптирано на техниките и предизвиците од нашата модерна доба. Исто така, ги откри плановите да лансира интеранционален натпревар за нов дизајн за кулата.

Премиерот Филип рече деа сака Нотр Дам да биде обновена уште поубава од претходно и дека обновувањето веројатно ќе биде завршено во текот на наредните пет години, што ако се оствари, би било импресивно. Колку и да трае реставрацијата, сигурно ќе чини многу пари и француската влада отвори официјална страница за донации.

- Advertisement -

Во меѓувреме, како што пренесува Guardian, се планира изградба на привремена дрвена катедрала пред Богородичната црква, слично како кога јапонскиот архитект познат по своите иновации Шигеру Бан направи катедрала од картони во Кристчерч, Нов Зеланд.

Сподели!
- Advertisement -