Парфемите на престижниот бренд M.Micallef пристигнаа во Скопје

- Advertisement -
Вчера, за прв пат во Македонија, Скопје имаше можност  да ужива во
невообичаена промоција на новиот парфем Ananda Tchai од колекцијата парфеми
на престижниот бренд M.Micallef.
Вчера во парфимеријата Anabella во центарот на
градот беа присутни и самите креатори на брендот M.Micallef, брачните
партнери Geoffrey Nejman (експерт за парфеми )и Martine Micallef (дизајнер и

уметник) кои го презентираа новиот парфем од линијата на M.Micallef, Ananda

Tchai.
На вчерашниот настан имавме чест да се запознаеме не само со креаторите туку
и со нивната љубовна приказна благодарение на која е создаден овој бренд.
Настанот беше од затворен тип, на кој присуствуваа популарни личности од
јавната сцена, како новинари, уредници и блогери,  а љубезните и позитивни
Geoffrey и Martine како вистински професионалци со задоволство ја раскажаа
својата приказна на присутините.
Основани во Грас, Франција, парфемите со потпис M.Micallef претставуваат
скапоцена и софистицирана линија. Од моментот на креирање на мирисот ,па се
до моментот на креирање на шишето Micallef, раскажуваат извонредна приказна
за секој производ посебно.
Гостите добија персонализиран подарок парфем Ananda Tchai гравиран со
нивното име, лично од Martine.
Парфемот Ananda Tchai, ве носи на сензуално и романтично патување во срцето
на азиската градина на имагинацијата.
Флорален парфем спакуван во карактеристично шише Ananda, во килибарни и
бронзени тонови украсен со Сваровски кристали и златно капаче.
Парфемот може да го најдете во парфимеријата Anabella во центарот на градот
Сподели!
- Advertisement -