„Кока-кола“ дизајнира специјални пакувања за најпопуларните пијалоци кои од 31 мај ќе бидат достапни во тематските паркови „Војна на ѕвездите“ во Дизниленд, Калифорнија, и во „Светот на Дизни“ во Орландо, Флорида.
Лимитираните шишиња на „кока-кола“ пијалаците во форма на сферични топки се дизајнирани да се вклопат и да останат верни на естетиката на „Војна на ѕвездите“. Така на пример, името и логото на брендовите на „кока – кола“ на амбалажата се испечатени во Aurebesh, букви на галактички “основниот” јазик карактеристичен за овај научно – фантастичен серијал.
Соработката на „кока-кола“ и „Дизни“ е овековечена и со видео спот во кој ликовите на „Војна на ѕвездите“ се освежуваат од ладилник полн со пијалоци од овој бренд.
(InStore.mk)