Истражувачи во Гана тестираат систем кој ќе може да го претвори какаото во биогориво. Но, не се грижете дека ќе има помалку чоколадо за јадење – тие ќе го користат отпадот од какаото при бербата. Проектот е финансиран од страна на Универзитетот Нотингем во Обединетото Кралство и ќе се тестира во Гана, која е еден од најголемите производители на какако во светот.
Бизнисот со чоколадо е индустрија вредна милиајрди долари, а најголем дел до какаото доаѓа од Африка. Секој тон зрна какао создава 10 тони лушпи, односно отпад, вели професорот Џо Дарква, кој предава Складирање енергија на Универзитетот Нотингем. Лушпите од какаото се фрлаат во текот на бербата откако ќе се екстрахираат зрната какао. Вообичаено, лушпите се оставаат да се распаднат на плантажите со какао, додека зрната какао се носат на ферментирање и во фабрики за сушење пред да се претворат во чоколадо.
Сега истражувачите развија систем кој ќе ги користи тие лушпи за да генерира енергија. Лушпите прво ќе се преработуваат во пелети или тули, кои потоа ќе се согоруваат во генератори и ќе произведуваат зелена енергија. Физибилити студиите покажуваат дека овие лушпи може да се претворат во квалитетно биогориво и да станат битен извор на енергија во руралните области, каде што покриеноста со енергија сега е само 15%.
Доколку биде успешен, овој проект може да придонесе во заложбата на владата на Гана да им обезбди 100% зелена енергија на жителите до 2030 година. Моментално 80% од населението во Гана користи дрва за за готвење и греење. Тоа не само што резултира со соголување на шумите, туку воздухот во домовите е многу загаден поради печките на дрва и е една од топ четири причини за смрт во светот.