До 2025 година 2 милиони банкари ќе останат без работа

- Advertisement -

Поради развојот на технологијата во идните пет години ќе исчезнат речиси една третина од сегашните работни места во банкарството. Вештачката интелигенција и роботиката ја намалуваат потребата за работници во одредени банкарски сектори. Според проценките на банкарската групација City Group, поради автоматизација меѓу 2015 и 2025 година ќе останат 770.000 вработени во банките во САД и 1 милион во Европа.

На овие мрачни проценки се базира и истражувањето на Европската банкарска федерација објавено во средата, кое покажува дека банките во Европската унија изминатата година затвориле 9.100 експозитури и отпуштиле од работа околу 50.000 работници поради се поголемата популарност на интернет-банкарството. На крајот на минатата година бројот на експозитури во Европа се спуштил на 189.000, што е за 4,9% помалку отколку на крајот на 2015 година.

- Advertisement -

Банките затвораа скапи физички експозитури за да ги намалат трошоците со оглед на тоа дека се поголем број клиенти се вртат кон електронско плаќање и дигитално и мобилно банкарство. Поради ниските камати кредитите се поевтини, па банките заработуваат помалку. Од друга страна, извршниот директор на JP Morgan. Џејми Дајмон, во јуни годинава истакна дека се пренагласува влијанието на технологијата врз финансиската индустрија. Тој смета дека додека автоматизацијата помага за кратење на трошоците на банките, од друга страна отвора низа друг работни места. Додава и дека расте бројот на вработени со техничко образование во банките.

(Bizlife)

Сподели!
- Advertisement -