Tip of the Week – Без наслов

- Advertisement -

„Tip of the Week“ се авторски текстови што се објавуваат секој четврток и обработуваат теми од секојдневниот живот коишто помогат да го подобрите вашето лично и професионално работење.Коментарите за совети, можете да ги пишувате на: www.facebook.com/tipoftheweekPriracnik Како сублимат на првите 100 совети издадени се единствените прирачници за личен и професионален развој.

Не знаев каков наслов да ставам на овој неделен совет, бидејќи сите наслови што ми доаѓаа на памет, со цел да го објаснам текстов, ми беа навредливи и негативни. Затоа, се решив вие самите да си ставите наслов каков што ви одговара.

Приказната иде вака! За празниците се договоривме да се собереме кај еден пријател на викендичка и како што е редот, да направиме голема софра. Мене, бидејќи живеам блиску до пазарче, ми падна задачата да набавам некои производи од пазар. Меѓу сите продукти што ми беа на листата требаше да купам и 1кг јагоди. Отидов кај комшијата (велам комшија, бидејќи секој ден пазарџиите ме гледаат и веќе се познавам со голем дел од нив), имаше убави јагоди (150 ден./кг) и му реков да ми измери еден килограм. Стави во ќеса некоја количина и отиде на другата страна на тезгата, каде што му беше вагата да ги измери, дали треба да извади или да достави некоја јагода. На прва ми изгледаше дека точно ги проценил јагодите и излегоа точно 1 кг. Ми ја подаде ќесата, јас му дадов 150 ден., но забележав дека во раката држи една јагода. Најверојатно поради таа јагода, вагата за милиметар покажала повеќе од 1 кг и трговецот уредно ја извади.

- Advertisement -

Што е тоа? Како да го дефинирам овој однос на трговецот? Дали е тоа прецизност во работењето, дали е ситничарење или економичност? Дали е малодушност или професионален однос? Дали е ценење на парите/производот или немање никаков однос и чувство кон работата и кон клиентите?!

Од аспект на однос со клиенти – сите знаеме дека концептот на „нешто повеќе за клиентите” ќе ви донесе секогаш повеќе бизнис отколку да кратите од нив. Тоа е и главната психолошка продажна стратегија на концептот на „реципроцитет во продажбата”. Ако дадете нешто повеќе, клиентот секогаш ќе се чувствува должен дека треба да врати. Може нема јас да му купам повеќе производи од потребното, но секогаш ќе се враќам кај истиот продавач и ќе бидам негов лојален купувач. Од аспект на професионалност – бизнис – нема ништо професионално во овој начин на работа. Вака не се води бизнис. Ако сте отвориле свој бизнис и сакате да „растете“, преку овој начин на работа „на ситно” нема да стигнете далеку во развојот на вашиот (голем) бизнис. Повеќе би го ставил во ситничарство.  Од аспект на „еснаф”- нема никаков еснаф во овој модел на размислување. Од аспект на профитабилност – ако мислите дека ќе заработите или ќе заштедите баш поради таа јагода, се лажете.

- Advertisement -

Не се држете за јагодата. Ако сакате да постигнете големи работи, мора да бидете и да размислувате наголемо. Или познатата народна „дај една јагода, да земеш две”.

Со успех во промените,

- Advertisement -

Петар Лазаров,

член на тимот

Сподели!
- Advertisement -