Поради климатските промени дрвјата на Земјата растат се побрзо

- Advertisement -

Климатските промени генералн имаат само негативни ефекти врз животот на Земјата – од природни катастрофи до масовно изумирање. Но, има една област каде што можеби имаме позитивни ефекти, а тоа е растот на дрвјата. Едно нов истражување откри дека зимзелените дрвја од сортата дахурски ариш во северниот дел на Кина пораснале многу повеќе од 2005 до 2014 година отколку во претходните 40 години.

Истражувањето ги анализирало прстените на дрвјата и открило и дека најстарите дрвја се тие кои пораснале најмногу. Дрвјата постари од 400 години пораснале 80% побрзо во тие 10 години отколку во изминатите 300 години.

- Advertisement -

Дрвјата, пак, стари од 250 до 300 години пораснале за 35% побрзо во истиот временски период, а најмладите дрвја помлади од 250 години пораснале за 11%-13% побрзо во тие десет години. Забрзаниот раст се припишува на повисоките температури, но високите температури се добри одреден период, а потоа можат да ги уништат шумите на долг рок. Тоа е така затоа што корените на дрвјата можат подлабоко да пробијат во почвата и да земаат повеќе хралниви состојки.

Сепак, доколку тоа продолжи, почвата под дрвјата може да стане неплодна и повеќе нема да може да ги исхранува дрвјата. Тоа ќе биде закана за целиот секосистем. „Изчезнувањето на аришот ќе биде вистинска катастрофа во шумскиот екосистем во регионот“ велат еколозите кои ја вршеле студијата.  Авторите на истражувањето, исто така, се сомневаат дека најстарите дрвја растат најмногу затоа што веќе имаат поголеми корења.

Сподели!
- Advertisement -