Рестораните во Калифорнија на гостите ќе им наплаќаат даноци за емисија на штетни гасови

- Advertisement -

Одржливите ресторани во Калифорнија ќе отидат чекор понапред во спречувањето на климатските промени и ќе додадат посебни даноци кои ќе им овозможат да ја поддржат националната борба против климатските промени. Есенва тие ресторани ќе почнат да додаваат 1% дополнителен данок за да се намалат ефектите од емисијата на штетни гасови и со тоа ќе им плаќаат на фармерите да го складираат јагленот во здрава почва и вегетација.

Иницијативата е заедничко партнерство со иницијативата Perennial Farming Initiative, со Министерството за храна и земјоделство на Калифорнија и со Одборот за воздушни ресурси на земјата. Досега 25 ресторани се приклучија на иницијативата и се очекува вкупно 200 да се приклучат до крајот на 2019 година.

- Advertisement -

На глобално ниво фармите емитуваат околу 13% од вкупната емисија на јаглерод диоксид. Во САД, Калифорнија е земјоделска сила и затоа има потенцијал да биде битен учесник во борбата против климатските промени. Всушност, една третина од целиот зеленчук во САД доаѓа од Калифорнија, исто како и две третини од овошјето и јаткастите лодови.

Фармерите и ранчерите долго време се на чело на битката против климатските промени . Основниот концепт на иницијативата е да се поттикне складирањето на јаглеродот во почвата и во вегетацијата. Со собраниот фонд ќе им се плати на фармерите по 10 долари за секој складиран тон јаглерод диоксид затоа што успешно го отстраниле од атмосферата.

- Advertisement -

Сепак, новиот данок нема да биде задолжителен за сите купувачи туку ќе се базира на доброволност. Но, ако некој не сака да го плаќа. ќе мора да побара да му биде тргнат од сметката.

Сподели!
- Advertisement -