Политичарите во Женева планираат да ги казнуваат возачите на премногу бучните автомобили, кои ќе ги ловат радари за бучава. Женевското градско собрание има намера до средината на годинава да прогласат задолжително дозволено ниво на бучава за автомобилите, камионите и моторциклите.
Активистите ги повикуваат градските власти бучавата да ја ограничат на 80 децибели, што е отприлика нивото на бучава која ја произведува ашината за прење алишта. Градските власти тврдат дека жителите на Женева имаат проблеми поради високото ниво на загадување на воздухот, а бучавата е вториот најчест облик на загадување во градот.
Радарите кои ги ја регистрирале преголемата бучава и потоа би го снимале возилот кое прави толкава бука не би требало да бидат особено скапи, но развојот на уредите поради технички причини би можел да потрае некое време затоа што таквите радари ќе мора да разликуваат различни видови бучава.
И неколку други европски градови се борат против преголемата бучава во сообраќајот, но тоа го прават со ограничување на брзината и отстранување на камените коцки од уллиците и нивна замена со асфалт.