До 70% поевтин роаминг со земјите од Западен Балкан од 1 јули

- Advertisement -

Од Агенцијата за електронски комуникации денес соопштија дека намалувањето на цените на роамингот ќе се движи од 50 до 70 отство во однос на сегашните цени.

Ова ќе важи за граѓаните од Македонија, Албанија, Србија, Косово, Црна Гора и Босна и Херцеговина. Во меѓувреме регулаторите треба да ги усогласат механизмите за спроведување на договорот, кој го потпишаа неодамна министрите на земјите од Западен Балкан, на дигиталниот самит во Белград.

- Advertisement -

Денеска во Охрид регулаторите од регионот и пошироко ги договараа начините како да се спроведе договорот кој на политичко ниво беше донесен на почетокот на април.

„Ние инсистираме за да ги избегнеме тие долги процедури во некој преоден период додека операторите ги имплементираат тие механизми да утврдиме фиксни цени кои ќе значат намалување на цените во рамки од 70 до 80%“, изјави Сашо Димитриоски, директор на АЕК.

- Advertisement -

Крајната цел е во јули 2021 година роаминг услугите да бидат комплетно укинати и ќе се наплаќаат како и домашниот сообраќај, како што е во моментот во Европа. Во однос на намалувањето на цените со соседна Грција Димитриоски рече:

„Процесот со Грција е паралелен на овој. Ние, морам да бидам искрен, инсистираме на тој процес повеќе од грчката страна, затоа што најчесто наши туристи одат кон Грција и се очекува дека грчките оператори ќе имаат најголема загуба и намалување на приходите од тој роаминг-договор“.

Сподели!
- Advertisement -