Унгарија планира да направи јаглерод-неутрален град

- Advertisement -

Унгарија планира да изгради град кој ќе биде целосно јаглерод-неутрален. Германската компанија ФАКТ инвестирала 1,1 милијарда долари за хортикултурниот и инфраструктурен проект со големина од 500 фудбалски игралишта, кој би можел да создаде 5.000 постојани работни места.

Целиот град ќе се напојува со соларна и енергија од биогас. Идејата е да се овозможи основа за конвертирање на другите региони во областа од користење јаглен на користење чиста енергија. Западните медиуми пренесуваат дека во градот ќе има градинка, училишта, станови и места за шопинг, а зеленчукот ќе се одгледува во стаклени градини.

- Advertisement -

“Се надеваме дека ќе стане белег на Европа. Оваа инвестиција е најголемиот и најсложениот земјоделски проект од областа на прехранбената индустрија во последните неколку децении и е уникатен во Централна Европа”, истакна унгарскиот министер за земјоделство Истан Наги.

Сподели!
- Advertisement -