AirHelp секоја година ги рангира светските аеродроми врз база на три фактори: точност, квалитет на услуга и можност за шопинг и јадење. Додека Азија продолува да прима пофалби и награди за своите аеродроми, ситуацијата во Европа изгледа се полошо. Во годинашниот извештај на AirHelp компанијата специјализирана за права на патниците во авиосообраќајот постави десет европски аеродроми на последните места на листата.
Најлош аеродром во светот е португалскиот аеродром Портела, кој се наоѓа на 132. место. Двата аеродроми во Париз, Шарл де Гол и Орли, исто така се на дното на листата, а друштво им прават и аеродромите во Единбург, лондонскиот Гетвик, аеродромот во Манчестер и аеродромите на Малта, во Букурешт и во Ајндховен.
На другиот крај на листата, односно во првите 20 доминираат азиски и американски аеродроми. На самиот врв на листата се аеродромите во Доха и во Токио. Само еден европски аеродром се најде меѓу првите десет, а тоа е атинскиот аеродром на третата позиција.
AirHelp ги подреди и авиокомпаниите. Европа ни во тој сегмент не помина најдобро. Најдобри авиокомпании во светот се Qatar Airways и American Airlines, а потоа следуваат Aeromexico, SAS и Qantas, додека на дното се Ryanair, Korean Air, EasyJet и Thomas Cook.