Куќите на експериментално соседство во Велс функционираат како џиновски батерии

- Advertisement -

Експериментално соседство во Велс, Велика Британија, има мисија да покаже како паметниот дизајн може да направи огромна разлика кога станува збор за енергетската ефикасност. Сите 15 домови кои се дел од проектот ќе бидат опремени со најнова технологија за да произведуваат и да складираат енергија доволна за задоволување на сите нивни потреби. Целото соседство ќе биде конектирано за да функционира како една автономна единица за производство на чиста енергија.

Експерименталната програма е соработка меѓу Центарот за иновации Specific на Универзитетот Свонси и групацијата Pobl. Проектот ќе ја тестира изводливоста на замената на локалните електроцентрали со соседства кои сами ќе произведуваат енергија. Иновативниот проект ќе послужи за примена на постојните технологии за чиста енергија во поголеми размери. Меѓу домовите кои се дел од проектот има куќи со 2 и 3 спални соби и еднособни станови. Тие ќе бидат така опремени за да генерираат максимално енергија од соларни покриви и колектори, која ќе се складира во батерии и ќе се распределува меѓу домовите или ќе се користи за полнење на електрични автомобили.

- Advertisement -

Ефикасноста на домовите ќе се постигне со повеќе технологии. Една од нив е поставување перфорирана челична „кожа“ која ќе генерира џебови со топол воздух кога ќе се загрее од сонцето. Тој воздух потоа ќе се дистрибуира во домовите за загревање. Проектот ќе биде првиот кој ќе ги демонстрира бенефитите на најновите технологии за да се направат евтини домови и драстично да се намали недостапноста на горивата и емисијата на јаглерод диоксид. Доколку пилот програмата се покаже успешна, наредниот чекор е да се изградат 1.200 вакви домови во областа Свонси Беј Сити Дил.

 

- Advertisement -

(Inhabitat)

Сподели!
- Advertisement -