Медицинска камера може да „гледа“ низ човечкото тело

- Advertisement -

Досега беше невозможно без рендген или други скапи методи да се утврди каде во телото се наоѓаат ендоскопите. Светлото на ендоскопот наместо да помине низ телото, се одбива од ткивата и од органите. Поради тоа беше речиси невозможно да се утврди точната положба на ендоскопот.

Новата камера која ја направија експерти користи напредна технологија за да детектира одделни честички на светлината – фотони. Експертите во силиконски чип интегрираа илјада детектори на фотони. Таа технологија е толку осетлива да може да детектира мали трагови од светлина кои поминуваат низ ткивата.

- Advertisement -

Новата технологија може да го детектира ивремето потребно за светлината да помине низ телото, што на камерата и овозможува да детектира распрснато светло. Така овој уред може да ја одреди точната локација на ендоскопот. Можноста да се одреди локацијата е многу битна затоа што може да се движи со минимален ризик.

Проектот е дел од Меѓудисциплинарната истражувачка соработка Proteus, која резултираше со многу револуционерни нови технологии за лечење и дијагноза на болести на белите дробови.

- Advertisement -

(24 sata)

Сподели!
- Advertisement -