Германскиот стартап Lilium одлучи да направи целосно електрично такси кое ќе превезува петмина патници, а сега објавија и дека собрале околу 90 милиони долари за развој на леталото. Lilium Jet до едно полнење ќе може да лета околу еден час и тоа со брзина од 290 километри на час. Идејата е преку апликација да се нарача летало, која ќе дојде на најблиската платформа до вас на поркивот на некоја зграда.
„Ова е следната фаза во нашиот брз развој од идеја до производство на успешно летало готово за комерцијална употреба, кое ќе донесе револуција во начинот на кој патуваме во градовите“ вели соосновачот на компанијата Даниел Виганд.
Lilium пред неколку месеци го тестираше првиот прототип со вертикално полетување. Додека прототипот беше двосед, следната фаза е зголемување на леталото на посакуваните 5 места. Уште не е познато колку ќе чини превозот со таквите летала и дали ќе биде поевтин од авионскиот, но основачите на компанијата велат дека луѓето ќе можат да ја поделат цената на патувањето меѓусебе.
Се очекува првите функционални такси да полeтаат во 2019 година, додека такси превозот на повик би можел да заживее од 2025 година. Иако ова изгледа како одлична иднина, прашање е како луѓето ќе го прифатат летањето со автомобил без возач.
(24 sata)