Ова дрво можете да го поставите во двор и да ви создава струја и од најслабиот ветар

- Advertisement -

Ова дрво може да генерира струја и при најслабиот ветар. Почнува да работи и да создава струја при ветар со брзина од само 9 км/ч и произведува струја речиси 300 дена во годината.

Дрвото може да се постави што е можно поблиску до згради за да нема никаква загуба на енергија. Можете да го поставите и во двор, па дури и на покрив и да не се грижите повеќе за сметката за струја.

- Advertisement -

Дрвото Wind Tree го прави компанијата New World Wind. Има 534 пластични „аеролистови“ и не создава никаква бучава додека работи. Секој од „листовите“ може да работи и на турбулентни и на ламинарни ветрови.

Капацитетот на дрвото е 5.400 вати. Со производството на 2.400 киловат-часови струја со ова дрво ќе се поштеди атмосферата на Земјата од нови 3,2 тони јаглерод диоксид.

- Advertisement -

Ова е идеално решение за генерирање зелена енергија во центрите на градовите.

- Advertisement -

(Startup Selfie)

Сподели!
- Advertisement -