Овие патики се направени од фасцинантна мешавина од отпадни материјали, кои се навистина практично реупотребени. Ако мислевте дека не е возможно да го сакате кафето повеќе отколку што веќе го сакате, веројатно не сте слушнале за патиките Rens, кои се направени од кафе.
Убаво прочитавте, направени се од вашиот омилен пијалак. Со седиште во Хелсинки, Финска, компанијата Rens конечно ја стартуваше првата линија патики од кафе на Kickstarter после две години работа на дизајнот на патиките. Овие обувки ќе го привлечат вниманието на сите поради иновативните материјали од кои се направени – кафе и рециклирана пластика.
Овие два материјали се така искомбинирани за да создадат обувки кои овозможуваат ногата да дише, водоотпорни се и 100% одржливи. Од зрна кафе е направена ткаенина која нема да дозволи создавање на непријатен мирис, ги блокира УВ зраците од сонцето, брзо се суши и е антибактериска. Од тој материјал се направени влошките во патиките, внатрешната обвивка и горниот плетен дел.
Патиките тежат само 300 грама, а таа тежина е еднаква на тежината на зрната кафе од кои може да се направат 21 шолји кафе. Рециклираната пластика е искористена за правење на водоотпорна мембрана, која иако ја одбива водата, сепак овозможува кожата да дише. Плетениот материјал е лесен и растеглив и истовремено дава поддршка на ногата. За изработка на една патика се искористени 6 пластични шишиња.
Се уште трае кампањата за патиките на Kickstarter, еден пар можете да добиете со донација на најмалку 99 долари. Се очекува доставата, која е бесплатна, да почне во ноември годинава.
https://www.kickstarter.com/projects/1987199519/rens-the-totally-waterproof-sneaker-made-from-coffee