Космонаути се вратија на Земјата по седум месеци во вселената

- Advertisement -

Во Казахстан се приземји вселенски брод „Сојуз МС-11“ со посада која ја сочинуваат Русиниот, Олег Кононенко, Канаѓанецот Дејвис Сен Жак и Американецот Ен Мајлејн.

По слетувањето, спасувачите го отвориле капакот од леталото и еден по еден биле извлечени членовите на екипажот. Накратко седеле на столчиња како би се навикнале на Земјината гравитација, а потоа биле одведени во санитетски шатор за да ги соблечат скафандерите.

- Advertisement -

Кононенко, Сен Жак и Маклеј на Меѓународната вселенска станица поминале седум месеци.

За време на престојот на станицата го користеле беспилотното летало „Кру драгон“, теретното вселенско летало „Прогрес МС-11“, Сигнус и „Драгон“, а пет пати излегле на отворено во вселената.

- Advertisement -

Од Меѓународната вселенска станица со помош на манипулатор лансирале мали сателити, а со помош на погонските системи на теретното вселенско летало „Прогрес“, ја зголемиле висината на орбитата на станицата Сојуз.

Во моментов на Меѓународната вселенска станица се наоѓаат Русинот Алексеј Овчин и Американците Ник Хејг и Кристина Кук.

Сподели!
- Advertisement -