Со донесувањето на Законот, физичките лица ќе имаат право на враќање на дел од платениот данок на додадена вредност, при што тие самите на некој начин ќе бидат инспектори, односно ќе бараат да им се издадат фискални сметки. Поради тоа се очекува и зголемување на регистрираниот промет преку фискални системи на опрема, како и зголемена наплата на даноците, односно намалување на даночната евазија од даночните обврзници, стои во образложението на Законот.
За остварување на ова право, граѓаните ќе треба да ги пријавуваат податоците од бар кодот на фискалните сметки кои ги добиваат при купување на добра и услуги, преку апликативен софтвер за оваа намена на органот за јавни приходи.
Со пријавување на фискалните сметки, физичките лица ќе имаат право на враќање на 15 отсто од данокот на додадена вредност искажан во фискалните сметки, при што износот на пресметан данок од кој ќе се враќа данокот изнесува најмногу 12.000 денари во едно тримесечје.
MИА