Дванаесет домашни фестивали што треба да се посетат летово

- Advertisement -

Пред нас е уште едно лето исполнето со сончеви денови, високи температури, но и многу фестивали. Скопје, Охрид, Делчево, Кочани, Крушево…. понудата е голема, а секој од нив нуди уникатно и незаборавно искуство на свој начин.

Без разлика дали сте љубители на електронската или рок музиката, филмот или театарот, Радио МОФ ви ги препорачува најинтересните фестивалите кои мора да ги вметнете во вашиот летен календар. Слободно дополнете ја листата!

- Advertisement -

Д – Фест

Кога: 12 – 15 јули

- Advertisement -

Каде: Стар Дојран

Најголемиот камп фестивал ова лето се враќа по деветти пат на старата локација на брегот на Дојранското езеро. Со тридневна музичка програма исполнета со повеќе од 40 артисти, разни активности и камп простор, Д – Фест нуди незаборавно искуство исполнето со позитивна енергија.

- Advertisement -

Охридско лето

Кога: 12 јули – 20 август

Каде: Охрид

По 58-ми пат годинава ќе се одржи најзначајниот културен настан во Охрид – Охридско лето. Театарски претстави, концерти и многу други културни настани ќе ги исполнат вечерите во стариот дел на градот. Посетителите ќе можат да уживаат во нив на повеќе локации како Античкиот театар, црквата „Света Софија“, Долни Сарај, Куќата на Робевци, ОМУ „Методи Панче“ како и во Центарот за култура „Глигор Прличев“.

Beach Film Festival

Кога: 18 – 21 јули

Каде: Плажа Оревче, Охрид

30 долгометражни и краткометражни филмови летово ќе бидат презентирани на плажата Оревче и бродот Галеб како дел од овогодинешниот, втор по ред, Beach film festival. Проекциите под отворено небо ќе понудат незаборавна атмосфера за вистинско филмско доживување, а секоја вечер ќе се завршува со музички настап на плажата.

Крушево будно

Кога: 26 – 27 јули

Каде: Градски Парк Крушево

„Крушево будно“ е дводневен музички фестивал кој на посетителите ќе им понуди програма исполнета со музички артисти, бендови и диџеи од локалната сцена. Преку звуците на латино, рок и електронската музика, овој настан има за цел да покаже дека таа ги обединува луѓето и им помага да го пронајде своето мето во светот на љубовта и соживотот.

Green Beach Festival

Кога: 1 – 2 август

Каде: Езерски Лозја, Струга

Еден од најголемите летни фестивали на брегот на Охридското езеро се враќа и ова лето. Оваа година, по јубилеен 10то пат,  „Green Beach Festival“ ќе понуди дводневна програма со артисти од областа на техно и електронската музика.

Ohrid Calling

Кога: 1- 4 август

Каде: Охрид, поранешна касарна „Михајло Апостоловски“

Најпосетуваниот музички летен фестивал се враќа во Охрид и оваа година со четиридневна програма исполнета со светски познати артисти и диџеи од областа на електронската сцена. На нова локација, со зголемен број на настапувачи, Ohrid Calling нуди програма за сите љубители на електронската музика.

Flat Forest

Кога: 2 – 5 август

Каде: близу Кочани (детали за локацијата на ФБ настанот)

Flat Forest е тридневен алтернативен елетронски фестивал. Одржувајќи се на локација во природа, нуди 72 часовна музичка програма исполнета со домашни и светски изведувачи од техно и транс сцената.

ДоЗора

Кога: 3 август

Каде: Делчево

Психоделичен транс, бесплатен камп простор и сцена која целосно ќе ги задоволи сите љубители на овој вид музика. Ваква е програмата на еднодневниот настан „ДоЗора“ кој годинава повторно ќе се одржи во близина на Делчево. Со светски познати транс диџеи, овој настан влегува во серијата на алтернативни електронски фестивали кои ќе го одбележат ова лето.

Mакедокс

Кога: 21 – 28 август

Каде: Скопје, Куршумли ан

Македонскиот фестивал на документарен филм „Македокс“ оваа година ќе го прослави своот јубилеј и по десетти пат ќе ја исполни последната недела од август со проекции од домашни и светски документарци. Оваа година фестивалот е поделен во 4 категории посветени на сите автори на овој жанр од филмската уметност. Најзначајниот дел поради кој овој настан не треба да се пропушти е домашната премиера на „Медена Земја“, документарен филм кој изминатава година беше прикажан на повеќето светски филмски фестивали и освои значајни награди.

Бош Фестивал

Кога: 22-25 август

Каде: Гевгелија

Програмата за годинава не е целосно објавена, но од она што е досега познато е дека ќе има настап на Фолтин и ТрапДаФакАп. Фестивалот започна пред 11 години, во чест на прерано починатиот актер и поет Бошко Бозанџиевски. Досега се претставени голем број самосотојни и групни изложби, музички настапи и проекции на филмови, работилници , перформанси, инсталации, театарски претстави.

Здраво Млади

Кога: 31 август

Каде: Младински Културен Центар Скопје

Крајот на ова лето по 9ти пат ќе го одбележи прогресивниот музички фестивал „Здраво Млади“ кој и оваа година ќе ја наполни денсинг салата во МКЦ со бендови и артисти кои се во тек со современата и модерна инди музика.

Forest Gathering

Кога: 7 септември

Каде: Гоцева Шума, Кочани

Крајот на летото ќе ни понуди уште еден алтернативен електронски фестивал, исто така во непосредна близина на градот Кочани. Станува збор за Forest Gathering, целодневен настан со кој на љубителите на транс музиката ќе им понуди повеќе од 24 часовна програма исполнета со звуците на Psy и Goa транс музиката.

Сподели!
- Advertisement -