Потрошувачи од цел свет ја дизајнираа новата етикета на „Вегета“

- Advertisement -

Вкупно 32.000 предлог дизајни пристигнаа до „Подравка“, откако компанијата ги повика своите потрошувачи да учествуваат во наградна игра со тоа што ќе креираат сопствена етикета за „Вегета“. 

Наградната игра е по повод прославата на 60-тиот роденден на овој бренд.

- Advertisement -

Воодушевени сме од одзивот на нашите потрошувачи и од креативноста што ја покажаа при креирањето на етикетите. Во наградната игра, која се одвиваше во Хрватска, Србија, Босна и Херцеговина, Црна Гора и Северна Македонија се пријавуваа и потрошувачи од Австралија, Австрија, Белгија, Бугарија, Данска, Финска, Германија, Франција, Ирска, Италија, Словенија, САД, Холандија, Швајцарија, Косово, Канада, Грција и од Норвешка, кажа Маринка Акрап, директорка на корпотивен маркетинг и на комуникации во „Подравка“.

Од сите предлози, избрани се 60 победнички дизајни и нивните креатори ќе бидат посебно наградени. Сите пристигнати предлог дизајни ќе бидат испечатени на стакленката и ќе бидат во продажба од оваа есен на пазарите на кои се одвиваше роденденската кампања.

- Advertisement -

Списокот на наградени креатори и на дизајни можете да го погледнете тука. 

(Извор – InSTore.mk)

Сподели!
- Advertisement -