Бројот на милионери во светот во 2018 се зголемил за 2,1%, сега има 22 милиони милионери

- Advertisement -

Извештајот на Boston Consulting Group (BCG) покажува дека во 2018 година во светот имало 22,1 милион милионери, а бројот се зголемил за 2,1 процент во споредба со 2017 година.

Милионерите заедно поседуваат 50 отсто од вкупните лични финансиски средства во светот, според извештајот под наслов „Global Wealth 2019: Reigniting Radical Growth“.

Повеќето милионери се во Северна Америка, а предвидувањата покажуваат дека меѓу 2018 и 2023 година тие ќе растат најмногу во Азија, без Јапонија, за 10,1 отсто. Следи Африка (9,8 проценти) и Латинска Америка (9,1 проценти).

- Advertisement -

До 2023 година, вкупниот број на милионери во светот треба да достигне 27,6 милиони.

19-тото годишното истражување на BCG за глобалната индустрија и управување со богатството вклучува проценка на големината на пазарот за 97 пазари, кои заедно сочинуваат 98 проценти од светскиот бруто-домашен производ.

Сподели!
- Advertisement -