Извозниците бараат нов модел за саемско претставување

- Advertisement -

Извозниците бараат Владата да определи една институција која ќе биде надлежна и која ќе обезбедува финансиска и логистичка поддршка на претпријатијата кои настапуваат на саеми со цел олеснување на процедурите за аплицирање и намалување на административниот товар за фирмите изложувачи.

Од Клубот на извозници исто така бараат средствата предвидени за оваа намена да се планираат подолгорочно, барем за три години однапред, заради тоа што учеството на саеми подразбира пријавување барем една и пол година однапред. Оваа процедура важи посебно за големите саеми, каде настапот треба да се резервира однапред изложбен простори со цел да се обезбеди подобро место и подобро претставување.

- Advertisement -

Третото барање на извозниците е да се реформира концептот на заедничко изложување на национален штанд на меѓународните саеми. Извозниците конкретно бараат националниот штанд да не се организира по принципот на најниската цена, туку од атрактивноста на локацијата и квалитетно подготвен национален штанд.

“Кога одиме на големите меѓународни саеми  земјите се претставуваат најдобро што може. Поентата не треба да биде саемското претставување да биде најевтин, туку штандот да биде атрактивен и да привлече поголем интерес кај посетителите”, вели Глигор Цветанов, претседател на Клубот на извозници.

- Advertisement -

Истовремено, велат извозниците, потребно е да компаниите од различни дејности да изложуваат во посебни хали каде што се претставуваат компаниите од соодветната дејност, а не како досега на националниот штанд да се претставуваат сите компании од различни дејности.

“Сметаме дека оваа инцијатива ќе придонесе за подобар саемски настап на домашните компании и дека со тек на времето ќе доведе до склучување на нови извозни зделки и зголемување на извозот”, вели Глигоров.

- Advertisement -

Од Клубот на извозници велат дека направиле анкета помеѓу компаниите на кои се саеми имаат интерес да се претставуваат во следниот период, а од резултатите се дефинирани саемските манифестации по одделни индустрии.

“Покрај тоа што со оваа инцијатива бараме од едно место да се координира финансиската поддршка околу саемските настапи, ние како Стопанската комора планираме да направиме измени со цел заинтересираните компании од едно место, односно преку Клубот на извозници да ги добиваат податоците за посети на одредени саеми. За таа цел ги повикуваме сите компании кои се членки на Стопанската комора, но и оние кои се членки на другите бизнис заедници и во рамки на одделните здруженија да ги презентираат саемите на кои сакаат да учествуваат за да може сите заеднички да настапиме на саемите и да ги споделиме трошоците за подобро саемско претставување”, вели Горан Антевски, потпретседател на Клубот на извозници и директор на Раде Кончар ТЕП.

Сподели!
- Advertisement -