Кантон на југот на Швајцарија продава куќи поевтино од една шолја кафе

- Advertisement -

Локалните власти на најјужниот канто во Швајцарија, Тичино, продаваат куќа за пониска цена од една шолја кафе, односно за еден франк – 55,67 денари. Поради се поголемата имиграција на населението во урбани средини, властите на малото живописно село Монти Сиаг во близина на границата со Италија со оваа одлука сакаат да го спасат своето населено место од изумирање.

На располагање има девет куќи од камен, кои купувачите по склучувањето на договорот се должни да ги реновираат по тамошните прописи. Куќите се наоѓаат во планински предел со поглед на езерото Маџиоре, а имаат достапна водоводна инсталација. Меѓутоа, купувачите може да бидат само жители на Швајцарија.

- Advertisement -

Дека Швајцарците прават се за да ги спасат своите мали и заборавени села покажува и примерот од селото Албинена, каде што властите на младите семејства им нудат 15.000 франци или 13.620 евра за да се преселат таму.

Сподели!
- Advertisement -