Загрепчани го направија најдобриот софтвер за контрола на летови во светот

- Advertisement -

Дека може да се успее со макотрпна работа и труд покажа младата екипа на чело со претприемачот со богато искуство Марк Емер. Нивниот софтвер за контрола за летање ја победи светската конкуренција. Тој софтвер настанал во срцето на Загреб во соработка со хрватската контрола за воздухопловство, која и го користи софтверот.

Контролорите велат дека е најдобар затоа што овозможува некој да го контролира долниот слој, некој средниот, некој да контролира само приод до некој аеродром, некој кон друг аеродром. И да, сите контроли меѓусебно се ускладени и ги знаат сите битни информации.

- Advertisement -

Со овој софтвер контролорот може да ги види позициите на коишто може да работи. Може да го види својот просек на работни ласови, да знае едноставно кога може да работи, колку работел, кога не треба да работи. Може да го види својот распоред три месеци однапред и веднаш да ги планира своите обврски.

За најдобар софтверот го прогласи светското здружение кое обединува дури 50.000 контролори од 130 земји. Младите иноватори велат дека не очекувале таква награда во конкуренција од компании кои вредат стотина милиони или милијарди евра, особено затоа што просечната возраст на луѓето кои работеле на софтверот не е ни 30 години.

- Advertisement -

Тие работеле на софтверот цели четири години. Поминале многу непроспиени ноќи додека ги исполниле роковите. Со иста брзина се развиваат и другите компании на Емер, кои се занимаваат со дигитализација на работата.

Компанијата има 80 вработени.

Сподели!
- Advertisement -