Иновативен проект на Daimler и Bosch – паркирање без возач

- Advertisement -

Германскиот гигант Daimler AG и Robert Bosch GmbH добија дозвола да направат пилот проект за автономно паркирање каде возилот комплетно самостојно се паркира на одредена локација само со едноставно притиоскање  на сопственикот, возачот на мобилната апликација …
Проектот треба да овозможи паркирање на автомобилот со помош на едноставна мобилна апликација.

И двата индустриски гиганта велат дека ова е прв потполно автономен систем за паркирање што воопто нема потреба од возач. Возачот ќе го остави автомобилот на точно утврдено место, пред да го активира паркирањето преку апликацијата.

- Advertisement -

Проектот ќе се спроведе така што Bosch ќе обезбеди инфраструктура, а Daimler технологијата за таканаречениот „автоматски паркинг” преку еден клик!.

- Advertisement -

Според експертите од Daimler таквото паркирање ќе обезбеди простор за 20% повеќе возила на иста површина.

„Автономното возење е поблиску отколку што очекуваме. Автоматскиот паркинг во Mercedes-Benz музејот покажува колку далеку технологијата има стигнато”– изјави Михаел Хагнер од одделот за развој на Mercedes-Benz.

- Advertisement -

Сподели!
- Advertisement -