„Forbes“ ја објави најновата анализа за светските милијардери, според која жнајмногу милијардери живеат во САД. Вкупно 607 американски милијардери имаат имот вреден 3.111 милијарди долари.
Потоа следува Кина со 324 милијардери, кои вкупно се тешки 980 милијарди долари.
Во Европа најмногу милијардери има во Германија (114), со вкупно богатство од 500 милијарди долари што ја сместува земјата на трето место во светот по број на милијардери. Во Русија, пак, има 98 милијардери со богатство од 421 милијарди долари.
Обединетото Кралство има 54 милијардери со богатство од 182 милијарди. Французите имаат 41 милијардери, а нивното богатство е околу 330 милијарди долари. Италија има 35 милијардери, Швајцарија и Шведска по 33, Шпанија 29.
Турција има 25 милијардери, Норвешка 15, Холандија и Данска по 10, Ирска и Австрија по 9, а другите европски држави помалку. Forbes не наведува ниеден богаташ од земјите од поранешна Југославија.
Индија има 106 милијардери кои имаат 405 милијарди долари, а во Јужна Америка најмногу милијардери има Бразил, вкупно 58.